Индустрискиот инсајдер Рос Јанг објави вести кои нема да им се допаднат на фановите на Apple. Јанг има добра репутација кога се во прашање раните предвидувања, а сега тврди дека iPhone 12 Pro моделите нема да ја имаат една од побитните карактеристики – освежување на екранот од 120Hz.
Изворите од синџирот на снабдување сугерираат дека 120Hz OLED панели се обезбедени и подготвени за производство, но Apple не успева да пронајде IC драјвери за да ги покрене пикселите на 120Hz. Наместо да ги почека IC драјверите, гласините сугерираат дека компанијата повторно ќе го искористи освежувањето од 60Hz, доколку не сака дополнително да ја одложи објавата на смартфоните.
За многумина ова секако ќе претставува разочарување, со оглед на тоа дека стапката од 120Hz моментно е достапна на голем број премиум телефони, а некои веќе имаат и 144Hz освежување.