MediaTek сака 5G конекцијата да ја направи широко достапна и на смартфоните кои не спаѓаат во премиум класата, преку својот Dimensity 820 процесор.

Dimensity 820 нуди технологија која овозможува подобрена и флуидна покриеност на 5G областите, побрзо преземање на податоци, dual-SIM технологија, како и voice over new radio (VoNR), која претставува 5G еквивалент на VoLTE технологијата. Со други зборови, Dimensity 820 чипсетот ги има некои од најнапредните sub-6Ghz 5G технологии за Азија, Северна Америка и Европа, а сето тоа е вградено во процесор од средниот сегмент.

Чипсетот користи четири Arm Cortex-A76 јадра со такт до 2.6GHz, заедно со четири 2.0GHz Cortex-A55 јадра и со петојадрен Arm Mali-G57 GPU. Присутен е и MediaTek APU 3.0 AI за обработка на препознавањето преку цртите на лицето и други функции, како и 4K HDR снимање видео и репродукција на HDR10+ содржини. Чипсетот поддржува 80MP камери и 120Hz дисплеи, како и подобрени гејминг перформанси со MediaTek HyperEngine 2.0.