Ракетата со сателит „Каирос“, долга 18 метри, на јапонската компанија „Спејс уан“ (Space One), експлодира веднаш по полетувањето од полигонот за тестирање и лансирање ракети „Кии“ во западна Јапонија.

„Стартап спејс уан“ требаше да стане првата приватна јапонска компанија што испрати свој сателит во орбитата. Но, ракетата експлодирала неколку секунди по полетувањето во 11:.1 часот во вторникот.

Запалените остатоци од ракетата паднале на околните планински падини.

Компанијата објави дека летот бил прекинат по лансирањето од полуостровот Кии во префектурата Вакајама и дека околностите се истражуваат. Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.

„Нема повредени во близина на лансирната рампа, а пожарот е изгаснат“, изјави за новинарите Шухеи Кишимото, гувернер на локалната власт на Вакајама.

„Спејс уан“ објави дека лансирањето било високо автоматизирано и барало околу десетина члена во копнениот контролен центар.

„Каирос“ носел експериментален владин сателит, кој може привремено да ги замени разузнавачките сателити, и требаше да влезе во орбитата приближно 51 минута по лансирањето. Според прелиминарните извештаи, сателитот бил уништен во експлозија.

„Спејс уан“ првично иамше план да ја лансира ракетата в сабота, но направи поместување. Иако Јапонија е релативно мал играч во вселенската трка, производителите на нацијата се обидуваат да изградат поевтини ракети за да ја задоволат зголемената побарувачка од нивната влада и глобалните клиенти за лансирање сателити.

„Спејс уан“ со седиште во Токио е основана во 2018 година.