Пандемијата на коронавирусот веќе неколку пати ги смени плановите на Microsoft, приморувајќи ја компанијата да ја одложи објавата на својаѕа Windows 10X платформа. Иако постоеше можност очекуваниот Surface Duo Android уред, исто така да биде одложен, новите извештаи сугерираат дека овој модел, всушност би можел да пристигне пред планираниот период.

Microsoft, според наводите, ги забрзува работите со цел уредот да го претстави пред објавата на Samsung Galaxy Fold 2, кој ќе биде најавен на 5. август.

Тоа значи дека најавата на Surface Duo би можела да се случи веќе во следните недели, така што Microsoft има доволно време да креира интерес и промоција за уредот.

Не е можно да се верификуваат овие наводи, бидејќи самиот Microsoft не објави никакви измени на своите планови. Првобитно, објавата на Surface Duo беше планирана во текот на празничната сезона во последното тримесечје од оваа година.