Не е прв пат да се појави информација дека Apple има проблеми со синџирот на снабдување, и дека тоа може да влијае на објавувањето на годинешните модели на „iPhone“, а ова беше потврдено и од страна на самата компанија.
Apple минатата недела соопшти дека телефоните ќе се појават на пазарот подоцна од вообичаеното, а се очекува тоа да се случи во текот на октомври.
Новиот извештај, објавен од DigiTimes, вели дека објавувањето на линијата iPhone 12 ќе биде поделено на два сегмента. Првиот ќе вклучува ослободување на 6.1-инчни модели на iPhone, додека вториот вклучува ослободување на 6,7 и 5,4 инчни модели.
Засега е непознато кога ќе следат овие фази на објавување. Според информациите од извори запознаени со моменталната состојба, ова значи дека сите нови модели на iPhone можат да се очекуваат некаде кон крајот на октомври.