Вчера беше објавен нов модел на Samsung во буџет класата, а тоа е Galaxy J2 Pro (2018). Моделот е објавен сајтот на Samsung во Виетнам. Телефонот има 4-јадрен процесор со работна фрекфенција на 1.4 GHz, само 1.5 GB RAM и само 16 GB внатрешна меморија. Телефонот ќе има лежиште за мемориска картичка но ќе може да ставите и две SIM картички.

Телефонот ќе има Super AMOLED екран со резолуција од 960×540 пиксели и дијагонала од 5 инчи. Предната камера има резолуција од 5 мегапиксели, а задната камера од 8 мегапиксели. Телефонот го задржува приклучокот за слушалки, а користи microUSB конектор за полнење на батеријата, која е со капацитет од 2600mAh. Телефонот ќе има цена од околу 145 долари и ќе биде достапен во црна, зелена, златна и розева боја.