Без официјална објава Huawei Y7 (2019) пристигна на пазарот во Европа. Телефонот е речиси идентичен со претходно објавениот Y7 Pro (2019) модел, но со нешто послаба селфи камера.

Смартфонот има 6,26-инчен LCD HD+ дисплеј, со засек во облик на капка, а го покренува Snapdragon 450 чипсет со 3 GB RAM. Просторот за складирање е лимитиран на 32 GB, но тука е и microSD слотот за проширување, кој ќе им користи на сите кои сакаат повеќе интерна меморија.

Главната разлика помеѓу стандардниот Y7 (2019) и Y7 Pro (2019) модел е во камерата, која е намалена на 8MP, додека на задната страна и натаму се наоѓаат 13MP + 2MP сензори на камерата.

Телефонот го напојува батерија со капацитет 4000mAh, која се полни преку microUSB порт. Оперативниот систем е Android 8.1 Oreo со EMUI 8.2 интерфејс.

Huawei Y7 (2019) е достапен во Aurora Blue, Coral Red и Midnight Black варијанти, со цена од 220 евра во Европа.