Не сакате никој да ги види вашите разговори? Сакате да станете невидливи на листата на контакти? Сето ова е возможно со соодветните подесувања.
Станете невидливи во WhatsApp
Претпоставуваме дека воошто не сакате другите корисници на WhatsApp да ве видат. Под ова подразбираме вашиот статус, фотографијата или информации за профилот. На Android, отидете во Menu > Settings > Account > Privacy. Таму променете ги подесувањата за видливост на личните податоци. На iOS, процесот е поедноставен – отидете во Settings и едноставно одберете го табот Privacy. Таму ќе ја подесите видливоста.
Нагласете ги пораките
Teкстот во вашите текстуални пораки можете да го нагласите со здебелени букви, курзвив или прецртани.
За префрлување на текстов во курзив пишете вака: _текст_
За здебелување на фонтот пишете: *текст*
За повлекување цртичка врз текстот пишете ~текст~
Праќајте групни пораки без отворање група
За активација на оваа опција одете на Chats > Menu > New broadcast. Притиснете + или внесете ги имињата на примателите. Пораката ќе ја примат сите кои сте ги навеле, а секој ќе ја добие на вообичаен начин, без да можат да ги читаат одгвоорите на другите.
Како да препознаете дека сте блокирани?
Нема да можете да видите кога личниста била последен пат онлајн
Нема да ви се прикажува неговата профилна фотографија
Сите ваши испратени пораки имаат само еден знак „штиклирано”
Кога ќе отворите групен чет, личноста не можете да ја додадете
Сите овие симптоми не гарантираат дека 100% сте блокирани. Постои можност и дека вашиот контакт ги променил подесувањата за видливост.
Извор: B92.net
Поврзани артикли