Huawei P40 Pro пружа фантастично искиство на фотографирање, а за тоа може да им заблагодари на подобрените сензори и фокусот на оптичкото зумирање.
НИКОЛА БУРАГЕВ
Минатата година, Huawei P30 Pro ги поседуваше едни од најдобрите камери на пазарот на паметни телефони. Иновациите во поглед на перископ зумирањето и импресивниот квалитет на фотографиите ги оставаа корисниците без здив. Оваа година, поради проблемите кои настанаа на релација САД – Huawei, P40 Pro пристигна без неколку многу битни работи: една од нив е секако непостоењето на сервисите на Google. Дали хардверската моќ е доволна за Huawei да го надомести она што го загуби во поглед на софтверските можности?
За Huawei не беше нималку лесно да ја изгуби поддршката на Google, но она што беше уште поголем предизвик за компанијата е продажбата на уредите во екот на кризата предизвикана од коронавирусот. Сепак, и покрај светската криза, Huawei P40 и неговата Pro верзија беа официјално лансирани на пазарот, а судејќи според се, P40 Pro моделот би можел без проблеми да им одолее на бројните предизвици на пазарот.
Huawei P40 Pro пружа фантастично искиство на фотографирање, а за тоа може да им заблагодари на подобрените сензори и фокусот на оптичкото зумирање. Работата да биде уште подобра и поубава, уредот може да се пофали со фантастичен OLED екран со стапка на освежување на сликата од 90Hz и 1200p резолуција.
Систем од четири задни камери
Huawei P40 Pro доаѓа со систем од четири задни камери, кој го носи името Ultra Vision Leica Quad Camera. Зад ова подолго име се крие камера која донесува одредени унапредувања во однос на онаа од P30 Pro моделот. Модулот на задната камера на Huawei P40 Pro пристигнува со 50 MP Ultra Vision широкоаголен сензор со отвор на блендата f/1.9 и оптичка стабилизација на сликата, потоа тука е 40 MP Cine ултраширок сензор со отвор на блендата f/1.8, па 12 MP SuperSensing Telefoto сензор со отвор на бленда f/3.4 со оптичка стабилизација на сликата, а тука е и 3D Depth Sensing сензор.
Оваа година Huawei поработи на подобрување на целокупниот квалитет на камерата, а секоја од камерите има нов сензор со поголема резолуција, која содржи нови филтри и подобрени леќи. Примарната камера која компанијата ја нарекува Ultra Vision сега доаѓа со голем 1/1.28″ 50 MP Quad Bayer сензор со RYYB филтер. Овој сензор е поголем од оној на Galaxy S20 Ultra, кој е со големина 1/1.33″, а истото вреди и за големината на пиксели – 2,44 µm во однос на 2,4 µm.
Кај RYYB филтерот на бои, зелените подпиксели се заменети со жолти. Huawei наведува дека жолтата му овозможува на сензорот да собере до 40 проценти повеќе светло од вообичаените RGGB филтри, а оваа промена би требало да биде видлива кај подобриот квалитет на сликата при слабо светло. Боите на фотографиите се доста светли, јасни, а повторно живи и вибрантни и претставува вистинско уживање да се гледа во нив. Динамичкиот опсег, благодарение на HDR прилагодувањето на Huawei е многу добар. Деталите на фотографиите се исто така неверојатни, дури и ако користите „pixel bining“ технологија.
Оваа камера има подобрен автофокус наречен Octa PD автофокус, па така на секој пиксел постои не само еден детектор на автоматско фокусирање, туку ги има осум по пиксел. Како резултат на тоа, сензорот за автоматско фоксуирање на камерата го подобри одговорот на хоризонталните детали, додека конвенционалните системи на автоматско фокусирање со двојни пиксели, на тоа поле имаат проблеми. Тоа значи дека автофокусот е значително подобар и при слабо осветлување. При стандардните поставки оваа камера слика 12.5MP фотографии, додека при 50MP мод нуди нешто пошироко видно поле отколку при стандардниот начин на снимање.
Ултрашироката (Cine) камера од 40 MP доаѓа со сензор со големина 1/1.54″ и со Quad-Bayer RGGB филтер, поради кој добиените фотографии имаат 10MP и однос 3:2. Телефото камерата доаѓа со нов 12MP сензор кој не е видлив, меѓутоа може да се види крајот на неговата перископ леќа. Кај оваа камера рефракциската светлина помина низ дополнителни оптички елементи додека не го достигне сензорот, кој лежи вертикално на рамнината на смартфонот. Овој систем пружа и оптичка стабилизација на сликата. Оваа перископ камера има отвор на блендата f/3.4 и нуди 5X оптички зум.
Последната камера во задниот модул е ToF (Time of Flight) камерата, која го забрзува автоматското фокусирање и го подобрува одвојувањето на предметите и пружа поуверливо позадинско дефокусирање во портретниот начин на работа. Huawei кај овој модел не ја запостави ни селфи камерата, која исто така доживеа одредени подобрувања во вид на двојна камера и автофокус функцијата.
Селфи камера
Примарната предна камера користи 32MP сензор со отвор на бленда f/2.2, додека секундардната е IR ToF 3D камера, која се користи за одлична bokeh селфи фотографии. Селфи камерата може да снима видео содржини во HD, FHD и 4K резолуција при 30 или 60 фрејма во секунда, а освен за фотографирање и снимање, оваа камера служи и за напредната Face Unlock функција, со помош на која Huawei P40 Pro прецизно и брзо се отклучува сп препознавање на лицето на корисникот.
Софтвер
Апликацијата на камерата е многу едноставна за користење и подесена е така што оние најчесто користени начини на снимање како фотографии, видеа, портрети и ноќно снимање да бидат достапни штом ќе се стартува. Апликацијата како и досега во голема мерка се потпира на вештачката интелигенција на компанијата. Тука е и унапредената Master AI функција, која ги препознава и подесува поставките за до 1500 различни сцени.
Со Huawei P40 Pro пристигна и Super Moon Shot функцијата, кај која е поддржан начин на зумирање од 10x со 20x, а за прв пат Moon Shot можете да го користите и на видео. Можноста за сликање на месечината не воодушеви, а како тоа изгледа погледнете во продолжение.
Уште една од низата интересни опции за снимање е и Golden Snap функцијата која се користи кога ќе се вклучи Live Photo опцијата. Ова е всушност AI предлог во галеријата, кога вашата главна фотографија не е „совршена“ (на пример псотои одраз или замаглен минувач), но Live Photo успеал да ги забележи информациите кои ќе помогнат да се подобри фотографијата, со отстранување на рефлексиите или несаканите минувачи.
Фотографирање при слабо осветлување
Фотографирањето во услови на послабо осветлување веќе неколку години е предност на паметните телефони на Huawei, а овој стандард продолжи и со P40 Pro. RYYB (скратено за „Red, Yellow, Yellow, Blue“ спектар на бои) обработува многу при фотографирањето на голем број детали, а благодарение на ноќниот начин на работа, P40 Pro навистина може да „гледа во темнина“. Ако сакате фотографирање ноќно време, посебно кога е убаво времето и кога се гледаат ѕвездите, камерата од P40 Pro ќе биде одлична за такви ситуации.
Сето ова резултира со значително подобри фотографии во услови на слабо осветлување, но и општо на фотографиите кои изгледаат појасно и почисто. На минатиот модел, ултра-широкоаголната леќа беше од 16 мм, додека сега новата е од 18 мм, но со потесно поле на преглед. Тоа исто така значи и дека Huawei P40 Pro не доаѓа со Super Macro начин, нешто што отсекогаш беше обележје на смартфоните на Huawei и што на себе последен пат го имаше ултра-широкоаголната камера од 20MP.
Што се однесува до добиените фотографии можеме да кажеме дека количината на детали на секоја слика е фантастична, со многу длабочина и со живописни бои. Се работи за врвна камера, која на ова подрачје дефинитивно го нуди она најдоброто што денес може да се пронајде во светот на смартфоните, а ова го потврдија и резултатите на DxOMark тестот на камери, на кој овој паметен телефон е апсолутен првак. Huawei P40 Pro освои прво место на оваа табела со 128 бодови за задните камери и 103 бодови за селфи камерите.
Huawei P40 Pro со задната камера може да снима видео содржини во HD, FHD (30 fps), FHD (60 fps), UHD (30fps) и UHD (60fps) резолуција. За разлика од конкурентските флегшип смартфони, не поддржува снимање видео во 8K резолуција, но во моментнов тоа навистина не го сметаме за битно.
Аудио и видео
Отворот на звучникот кај Huawei P40 Pro моделот се наоѓа како и кај поголемиот дел смартфони, од долната страна покрај USB Type-C портот. Во флегшип класата популарно е освен главниот, да се користи и дополнителен звукчник, кој се наоѓа на местото за повици над екранот, за да се добие сараунд звук. Ова кај Huawei P40 Pro моделот не беше изводливо, бидејќи го нема тој звучник над екранот за повици, туку целиот дисплеј се користи како звучник за повици. Значи не за мултимедиски содржини, туку само за повици.
И покрај тоа, овој звучник од долната страна е во склад со ценовниот ранг на уредот и способен е за репродукција на прилично гласен и богат звук, па нема да ги разочара сите оние кои овој паметен телефон би го користеле за преслушување музика по свој вкус или за гледање видео содржини. Овој модел очекувано доаѓа без 3,5 милиметарскиот аудио приклучок за слушалки, и отсега за пренос на аудио сигналот е задолжен USB Type-C портот.
За репродукција на музика, на корисниците им е на располагање апликацијата на компанијата Huawei, која пружа и одредени стриминг услуги, а доколку тоа не е доволно, корисниците ќе можат да преземат друга апликација од AppGallerу продавницата. За дополнително уживање во музиката, играњето игри или гледањето видео, во пакетот со со уредот доаѓаат и солидни USB-C слушалки.
Заклучок
Се на се, она што секако е вистина е дека Huawei P40 Pro ја поседува една од најдобрите задни камери на пазарот (секако во светот на паметните телефони). Huawei повторно успеа да ја обедини едноставноста на користење и големиот број можности што го нудат камерите. Апликацијата на камерата е само по себе многу добра и нема некои поголеми недостатоци. Huawei P40 Pro продолжува со традицијата на фантастични камери, а ако сакате да фотографирате користејќи ги смартфон камерите и се одлучите за купување на Huaweijevog P40 Pro, ќе бидете многу задоволни.
Апликацијата „Мој ДДВ“ достапна во Huawei App Gallery
Наместо сервисот на Google за преземање апликации (Play Store), Huawei на смартфоните од P40 серијата, како алтернатива го понуди својот сервис наречен AppGallery. Вложени се милијарда долари во додавање бројни познати глобални, но и локални апликации во оваа продавница, па така веќе сега Huawei App Gallery е третиот најголем еко-систем на апликации на светот, по Google Play и Apple App Store.
Во продавницата на Huawei можат да се најдат и македонски апликации како што се: AirCare, Mojot A1, m-Banking by Stopanska Banka, а од пред неколку дена достапна е и популарната апликацијата за скенирање фискални сметки „Мој ДДВ“, која досега можеше да се користи на iOS и Android.
Mеѓу глобално познатите апликации можат да се пронајдат на Huawei AppGallery се Viber, HERE WeGo мапите, TikTok, Deezer, Tidal, Snapchat, AliExpress Shopping App, Microsoft Office, Telegram, Tinder, AccuWeather, Amazon Shopping, Kodi, Opera, Opera Mini, Fortnite, World of Tanks, Asphalt 9 и др.
РЕЦЕНЗИЈА: Huawei P40 Pro – AppGallery и Phone Clone алтернативи за Play Store