Apple очигледно не сака корисниците сами да ги сервисираат и поправаат уредите на компанијата. Ова станува јасно по било кој обичен обид за отворање на некој Apple производ.

Во ова повторно се увери веб-страницата iFixit, која на својот тест на можностите на поправање го имаше новиот iPad mini 5. Таблетот доби оценка 2/10, а за ваквата ниска оценка, во најголема мерка е заслужна и огромната количина адхезив, кој се користел за спојување на предната страна и задниот дел на уредот, потоа исклучително недостапната батерија и потребата за отстранување на Home копчето за да се отвори дисплејот.

Меѓутоа, и покрај што е тежок за сервисирање, iPad mini 5 на Apple остануива многу способен и компактен таблет. Го карактеризираат одличен софтвер и апликации, како и добар хардвер на чело со моќниот A12 Bionic чип.