Рускиот длабоководен подводен апарат „Витез-Д” првпат се спушти на дното на Маријанскиот ров, соопшти за новинарите потпретседателот на руската влада Јуриј Борисов.
„Тоа е резултат на ефикасната соработка на неколку изведувачи на работите на чело со Централното конструкторско биро „Рубин“ во рамките на проектот на Фондот за перспективни истражувања, како и со интензивна поддршка од страна на Воената морнарица. Очекуваме врз реализацијата на токму вакви проекти да се формира новата научно-конструкторска елита на одбранбената индустрија“, рече Борисов.
Како што соопшти Фондот за перспективни истражувања, апаратот се спуштил на дното на 8 мај 2020 година во 22:34 по московско време.
Сензорите на апаратот забележале длабочина од 10028 метри. Мисијата траела преку три часа, не сметајќи го времето на нурнување и излегување на површината, пренесува РИА „Новости”.
Извор: Russia Beyond