Robotika и вештачката интелигенција би требало да го подобрат животот на луѓето, а во овој случај можат да им помогнат доколку не се талентирани за спорт. Инженерот и јутјубер Шејн Вајтон ја направи една од најинтересните механички креации на интернет: кош кој обезбедува никогаш да не промашите ниту еден шут.

Сензорите ја следат патеката на секое фрлање, а моторите прицврстени на таблата го прилагодуваат нејзиниот агол за да ја одбие топката низ обрачот. Меѓутоа, видеото на Вајтон (од неговиот канал Stuff Made Here) влегува во еден фасцинантен детал, објаснувајќи ја и основната технологија и процесот на дизајнирање.

На пример, целиот процес на следење на фрлањето, пресметувањето на аголот и подесувањето на плочата мора да се одвива во само 600 милисекунди. Тоа значеше дека Вајтон навистина морал да го оптимизира својот дизајн да биде што полесен, а со самото тоа и поедноставен за поместување. Затоа моторите кои ја покренуваат целата работа се прицврстени на задната рамка, а не на самата плоча од задната страна и причина зошто потпорните носачи се шупливи: сето тоа за да се намали тежината и да се олесни плочата за да може полесно да се подесува под агол при големи брзини.

Исто така, постојат многу паметни работи и од страна на софтверот, кој го покренува Microsoft Kinect, кого го обожуваат „направи сам“ луѓето. Меѓу нив е и функцијата на препознавање на лицето, која идентификува дали шутираат Вајтон или неговата сопруга. Тоа овозможува нечесно и многу интересно мамење. Постои и слична конструкција (која ја споменува Вајтон), која ја направил јутјуберот Марк Робер во 2017. година: подвижна пикасно табла, која ви овозможува секој пат да погодите право во центар.