Кинеската војска изградила макети на американски носач на авиони и два други американски воени брода во својата северозападна пустина, веројатно за вежби за гаѓање со проектили, се вели во извештајот на Американскиот поморски институт.

Институцијата со седиште во Мериленд, независна од американската војска, во неделата соопшти дека сателитските снимки што ги добиле откриваат модели на бродови поставени во пустината Такламакан во регионот Ксинѓијанг.

Во комплексот досега неколкупати биле тестирани балистички ракети. Армиите ширум светот редовно прават модели на цели од теренот, како што се воени бродови или носачи на авиони, пишува CNN.

Скоро иста големина како и оригиналите

Лажниот носач на авиони е речиси со иста големина како и оригиналот, што значи дека треба да изгледа слично на снимките од радарски цели, соопшти Поморскиот институт.

Не е првпат вакви модели да се забележат во кинеската пустина, но се наведува дека овие копии се попрецизни и подетални.

Запрашан за извештајот, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин, им рече на новинарите во Пекинг: „Не ми е познато тоа прашање“.

Се зголемуваат тензиите меѓу САД и Кина поради Тајван, кој Пекинг го смета за отцепена провинција, како и кинеската воена градба и големите територијални претензии во Јужното Кинеско Море.

Извор: Index.hr