Microsoft работи на новата Outlook функција за предвидување на текстот, а во прашање е момент кој потсетува на GmailSmart Compose.
Така Outlook.com и Outlook за веб ќе можат да составуваат мејлови со помош на системот за предвидување на содржини, што значи дека корисниците ќе добиваат предлози додека пишуваат некоја порака. Покрај тоа, се работи и на опцијата send later, која на корисниците ќе им овозможува да закажат испраќање на некој мејл. Тоа е посебно корисно за оние кои навикнале пораките да ги пишуваат доцна во ноќта, така што ќе можат да ги програмираат до примателот за стигнат во време кое се смета за пристојно.
Новите функции го олеснуваат пишувањето и испраќањето мејлови, а до корисниците би требало да пристигнат до крајот на мај. Посебно радува опцијата која го предвидува текстот, бидејќи целиот процес на испраќање мејлови така се забрзува, а корисниците ги добиваат предлозите врз основа на пораките кои претходно ги составувале.