Се очекува дека Xiaomi ќе ја претстави серијата 12, веројатно на 12.12.2021 година. (иако, како што пренесува познатиот типстер DCS, тоа сепак ќе се случи на 28 декември), а на интернет се појави последниот панел од стандардниот модел, кој ни кажува повеќе за дизајнот на уредот. Поставката на камерата ќе содржи три леќи со еден голем отвор за главната камера и уште две камери под неа. Блицот и микрофонот ќе бидат веднаш покрај нив.

Фотографијата на Xiaomi 12 беше искористена за изработка на рендерот, давајќи ни подобра идеја за тоа што да очекуваме. Во меѓувреме, дојавувачот Digital Chat Station откри дека првичното лансирање ќе вклучува три смартфони, кои малку ќе се разликуваат од лансирањето на Mi 11, каде стандардниот моделот ндојде многу порано од Mi 11 Pro и Mi 11 Ultra.

Овој дизајн не е целосно нов за Xiaomi. Mi 10T и 10T Pro имаа слична поставка на камерите, но со еден дополнителен круг на задната страна.

Ќе бидеме трпеливи уште неколку дена и сите детали ќе ги дознаеме на 12 декември.