Компанијата SpaceX на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија Singulus Technologies за набавка на опрема за производство на соларни ќелии, наменети за проектот Starmind, кој предвидува создавање центри за вештачка интелигенција во Вселената, пренесува Euronews.
По објавувањето на договорот, акциите на германската компанија привремено пораснаа за 65 до 80 проценти. Маск на платформата X објави дека ова е само прва нарачка во низата.
SpaceX has ordered 100 GW/year of HJT solar manufacturing equipment from Singulus in Germany.
This is for Starmind to create a sentient sun.
— Elon Musk (@elonmusk) November 10, 2026
Проектот Starmind предвидува изградба на мрежа сателити што ќе функционираат како центри за обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција. Сателитите ќе користат соларни панели долги 75 метри, а обработените податоци ќе ги испраќаат на Земјата преку ласерска комуникација.
Првите испораки на опремата се очекуваат на почетокот на 2027 година. Според Маск, ваквите центри би можеле да бидат енергетски поефикасни и да имаат помало влијание врз животната средина од центрите на Земјата, иако технологијата сè уште не е докажана во практика.
