Невообичаено високите температури на Арктикот и Антарктикот ги шокираа научниците.

Во текот на претходните денови на источен Антарктик забележани се рекордни температури, за 30 степени Целзиусови повисоки од просекот за овој период од годината. Метеоролошката станица „Dome C of the Antarctic“ забележа рекордни температури за март од 4,9 степени Целзиусови.

Истражувачката база Конкордија на Антарктикот, која се наоѓа на надморска височина од три илјади метри, регистрирала рекордни -11,5 степени Целзиусови.

Етјен Капиан, метеоролог од метеоролошката станица „Метео Франс“, на својот Твитер профил ги објави вредностите на температурите на Антарктикот.

„Податоците се загрижувачки бидејќи температурите во овој период од годината се веќе под нулата. Вакво нешто не се случило од 22 февруари 1991 година“, изјави Гетан Емес од „Метео Франс“.

Тој го опиша моменталното време на Антарктикот како необично богатство и го нарече „историски настан“.

“Ова е време кога температурите треба брзо да паднат од летната краткоденица во декември. Ова е последица на топлотниот бран во северозападниот Пацифик 2021 година“, рече Гетан Емес.

Националниот центар за податоци за снег и мраз во САД објави дека морскиот мраз на Антарктикот паднал под два милиони квадратни километри на крајот на февруари, за прв пат од 1979 година, што е причина за скокот на температурата.