Huawei Mate 40 линијата телефони би можел да има закривен дисплеј, според наводите на дојавувачот 8090 Life Digital на Weibo страниците.

Минатогодишната Mate 30 линија имаше waterfall закривен екран на Mate 30 Pro моделот, додека Mate 30 имаше рамен екран.

Се очекува дека Huawei ќе ја претстави Mate 40 серијата во текот на есента, по можност во октомври. Малку работи се познати за серијата, но се очекува дека ќе користи 5nm Kirin 1020 чипсет, можна 108MP главна камера и најверојатно нема да има поддршка за Google Play сервисите.