Facebook, после низата на скандали со кои се соочи во изминативе неколку недели, објави дека ќе ја воведе опцијата „unsend“ и за останатите корисници, а не само за Марк Закерберг, како што беше досега. Наскоро би требало да се започне со имплементација на опцијата и за неколку месеци се очекува да им биде достапна на сите корисници.

Имено, шефот на Facebook може да ги избрише пораките кои им ги испраќа на соговорниците, а притоа примателот на пораката тоа да не го види.

Од Facebook објаснија дека биле принудени таа опција да му ја овозможат на Закерберг, поради опасност од хакирање.

Така, Facebook веќе ја нуди опцијата за таен разговор, во рамките на апликацијата Messenger, при што испратените пораки сами се бришат во период кои вие сами ќе го одредите, а сега пораките ќе можат да се бришат и во обичен разговор, односно во chat.

„Веќе неколку пати разговаравме за оваа опција. Луѓето кои ја користат нашата опција за тајни пораки во Messenger имаат можност сами да одредат кога ќе се избришат пораките. Сега ја прошируваме опцијата за бришење на пораки, а тоа ќе трае некое време. Додека таа опција не проработи, веќе нема да ги бришиме пораките ниту на извршните директори. Тоа требаше да го сториме и порано, жал ни е што не беше така“, велат од Facebook.