Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, е загрижен за развојот на вештачката интелигенција, изјави за Ројтерс неговиот советник Паоло Бенанти.
Папата стравува од апокалипса што би можела да ја предизвика новата технологија, додаде Бенанти.
„Трансформативната моќ на вештачката интелигенција би можела да доведе до општествени промени кои се многу тешко предвидливи“, истакна тој.
Папата и претходно укажуваше на потенцијалните опасности поврзани со развојот на вештачката интелигенција.
Во мај, тој предупреди дека оваа технологија шири дезинформации, поттикнува конфликти и би можела да го одведе светот „по патот на бескрајна војна“.
Ватикан почна да предупредува за ризиците од вештачката интелигенција уште во 2019 година, организирајќи две конференции таа година на тема потенцијалните опасности од оваа технологија.
На еден од тие настани, папата Франциско изјави дека дезинформациите ширени преку вештачка интелигенција би можеле да предизвикаат светска војна.
