Новата вселенска капсула на американската компанија SpaceX, наречена Dragon, денеска успешно го заврши пробниот лет и потоа имаше контролиран пад во Атлантскиот океан.

Вселенската капсула SpaceX Dragon ја напушти Меѓународната вселенска станица, каде што беше прикачена во изминатата недела, а потоа се врати во Земјината атмосфера.

Капсулата имаше топлински штит за да се заштити од високи температури за повторно враќање на Земјата. Освен тоа, имаше и четири падобрани кои би го спречиле наглиот пад во водата, на околу 450 километри оддалечена од Кејп Канаверал на Флорида.

Бродот GO Searcher беше стациониран за да ја преземе капсулата од местото каде таа падна. Во продната мисија не учествуваа луѓе, туку кукли опремени со сензори.

SpaceX Dragon може да биде повторно подготвен за нови летови, а инженерите ќе работат на анализа на собраните податоци откако леталото ќе биде пренесено во просториите на SpaceX.