На пат се специјални контролери за GTA 6 наменети за PlayStation 5, при што Rockstar и Sony подготвуваат две верзии инспирирани од новата игра.

На купувачите ќе им бидат достапни модели во темна и светла варијанта, а на двата контролера ќе биде истакнат логото на GTA 6 – поточно карактеристичната ознака „VI“ – поставена во центарот на подлогата на допир (touchpad).

Рачките ќе имаат текстура инспирирана од палмите во Vice City, градот во кој се одвива дејството на новата игра.

И покрај визуелните промени, станува збор за стандарден DualSense контролер, па не треба да се очекуваат дополнителни функции или технички можности во споредба со обичниот модел.

Сепак, контролерот ќе биде пуштен во продажба како ограничено издание, што значи дека нема да биде достапен во текот на целиот животен век на играта.

Преднарачките започнуваат на 10 септември, а испораката стартува на 19 ноември – истиот ден кога излегува GTA 6.

Цената ќе изнесува 84,99 евра, што е за 10 евра повеќе од стандардниот DualSense контролер.

Интересно е тоа што ова е првпат во историјата на серијалот GTA, Sony да произведе тематски контролер специјално за некоја од игрите. Покрај тоа, ова е првпат некоја игра на Rockstar да добие таков третман во соработка со Sony.

GTA 6 излегува на 19 ноември за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.