Моќниот телескоп од новата генерација на NASA полета во вселената од лансирна рампа на Флорида. Неговата мисија е да истражува темна енергија, црни дупки и други мистерии во вселената.
Телескопот „Nancy Grace Roman“ ќе снима огромни панорамски погледи на универзумот, а НАСА наведува дека неговото видно поле е дури 100 пати поголемо од она на телескопите „Hubble“ и „James Webb“, пишува Би-Би-Си.
Мисијата започнува со 100-дневно патување до дестинација оддалечена околу 1,6 милиони километри од Земјата. Од таа точка, телескопот ќе започне со мапирање на планети надвор од нашиот сончев систем, познати како егзопланети.
„Roman ќе го промени начинот на кој гледаме на вселената“, рече Ники Фокс, администратор во НАСА.
SpaceX just launched NASA’s newest flagship space telescope.
What makes Roman special:
• Its mirror came from hardware once built for U.S. intelligence
• Same mirror size as Hubble, but less than 1/4 the weight
• A huge 300MP infrared camera
• Each image covers at least… pic.twitter.com/UsqHn9lvN4— DogeDesigner (@cb_doge) August 30, 2026
Успешно лансирање
Успешното лансирање се случи во недела наутро по локално време од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Околу 30 минути по полетувањето, Roman се одвои од ракетата на компанијата SpaceX и сега патува кон својата орбита оддалечена околу 1,6 милиони километри.
Џеки Таунсенд, раководител на проектот за телескопот Roman, го опиша настанот како „величествен“ на прес-конференцијата по лансирањето. „Беше одличен лет. Нè однесе токму таму каде што сакавме да бидеме“, додаде таа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се појави на прес-конференцијата на вселенската агенција за да им честита на научниците што работат на проектот. „Вие сте најдобри во универзумот, а ние сме најдобрата земја во светот. Продолжете така. Вие сте важен дел од тоа“, рече тој.
Потрагата по нови светови
Фокс истакна дека Roman ќе „открие десетици илјади, можеби дури и 100.000 нови егзопланети“, мислејќи на планетите надвор од нашиот Сончев систем.
„Зошто егзопланетите ни се толку важни? Бидејќи една од главните цели на НАСА е да одговори на прашањето: ‘Дали сме сами во вселената?’“, додаде таа.
Поврзани артикли
