Програмерите во Европската Унија добиваат алтернативни опции за плаќање и значително пониски провизии по новиот притисок од Европската Комисија.
Американската технолошка компанија Apple објави дека ќе ги промени правилата на својата продавница за апликации во Европската Унија, а во исто време ќе ги намали провизиите за алтернативни плаќања надвор од својот систем.
Најважната промена е што програмерите ќе можат да понудат алтернативни методи на плаќање, така што корисниците, на пример, ќе можат да бидат пренасочени кон веб-страницата на апликацијата и да извршат купување таму, наместо да плаќаат преку Apple.
Компанијата од Купертино ќе наплаќа провизија од 15 проценти за вакви купувања или 10 проценти за повеќето помали програмери.
Доколку програмерот користи алтернативен систем за плаќање директно во апликацијата, таксата ќе биде 20 проценти или 10 проценти за оние кои имаат право на пониска стапка.
За апликациите кои сè уште се потпираат на системот за плаќање на Apple во продавницата за апликации, основната провизија ќе остане на 26 проценти.
Уште поголема промена важи за апликациите кои воопшто не се дистрибуираат преку продавницата на Apple.
Тие можат да се понудат преку други продавници за апликации или директно преку интернет, а Apple ќе наплаќа провизија од пет проценти за дигитални трансакции во тие апликации, според веб-страницата на американската компанија.
Компанијата, исто така, соопшти дека ќе ги зајакне мерките за безбедност на децата и ќе го прошири кругот на компании кои можат да управуваат со алтернативни продавници за апликации.
Промените се дел од поширока адаптација на правилата на Apple кон Европскиот закон за дигитални пазари (DMA), објавува Sole 24 Ore.
Европската комисија го критикуваше Apple во последните години за начинот на кој ја регулира дистрибуцијата на апликации, плаќањата и насочувањето на корисниците кон алтернативни понуди.
Поврзани артикли
