Знаеме дека Facebook има планови да го интегрира WhatsApp во останатите апликации на компанијата. Како што известува WABetaInfo, инженерот @Alek193a откри докази за тоа во последната верзија на Facebook Messenger.

Ова би можела да биде првата фаза на долгиот процес на интеграција на Facebook Messenger и WhatsApp корисниците. Главната разлика помеѓу двете платформи за размена на пораки е во тоа што WhatsApp ги складира информациите за разговорите на уредот, има end-to-end енкрипција (заедно со искуство без реклама). Поради тоа WhatsApp може да се користи само на еден уред.

Информациите укажуваат на создавање табели во локалната база на податоци на Facebook Messengeru, кои се потребни за управување со пораките и сервисите. Се споменуваат и другите елементи кои би му овозможиле на Facebook Messenger да разбере кои корисници на WhatsApp се блокирани, push известувања од WhatsApp и детали за примателот на разговорот.

Содржината на пораката не би се делела со Facebook серверите. Поради тоа, Messenger апликацијата би требало да имплеменетира нов протокол за меѓусебно да се разговара помеѓу Facebook Messenger и WhatsApp.

Потребно е да се истакне дека овие информации моментно претставуваат само гласини, бидејќи програмерите можат да ги променат плановите во текот на нивниот развој и она што е окриено во референтните кодови можеби нема да биде применето во реалноста.