Mi Band нараквиците на Xiaomi досега забележаа голема популарност, а при тоа се и многу достапни. Меѓутоа, компанијата сега изгледа поготвува премиум производ, кој е наречен Mi Band X. Фотографијата од презентацијата, опишува некои карактеристики на уредот и укажува на екран од 360 степени.

Нараквицата ќе има флексибилен дисплеј кој се свиткува околу зглобот на корисникот. Уредот нема да има копче, така што може да се обвиткува во полни 360 степени. Наместо копче, ќе се користи магнет за поврзување на двете страни на нараквицата околу зглобот.

Во слајдот се истакнува дека Mi Band X ќе биде тенок и лесен. Кога е во прашање цената, се очекува дека така напреден уред нема да биде евтин. Mi Smart Band 6 имаше почетна цена од 45 евра, така што за Mi Band X неколку пати повисока цена.