Откако ги објави моделите Phone (3a) и Phone (3a) Pro во март, Nothing сега подготвува Lite верзија од оваа серија.

Nothing ги претстави паметните телефони Phone (3a) и Phone (3a) Pro во март оваа година, а во јули се појави информација дека компанијата подготвува и Lite уред.

Сега, нови гласини сугерираат дека станува збор за Nothing Phone (3a) Lite, а имаме и информации за некои од карактеристиките на телефонот.

Се очекува Nothing Phone (3a) Lite да дојде само во една верзија, со конфигурација од 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Ќе биде достапен во црно-бела боја.

Достапните информации сугерираат дека Nothing Phone (3a) Lite ќе биде достапен глобално, а ќе се појави до крајот на годината.

Нема информации за останатите карактеристики или цената на уредот. Сепак, се верува дека Phone (3a) Lite ќе биде најприфатливиот модел во тековната серија.