Подбрендот на Huawei, Honor ќе го претстави својот 5G телефон во текот на четвртиот квартал од оваа година, објави претседателот на компанијата, George Zhao во текот на MWC настанот во Шангај.

Zhao не откри никакви детали за карактеристиките на претстојниот уред, освен информацијата за тоа дека ќе станува збор за премиум уред.

Претседателот на брендот Honor очекува продажбата на 5G смартфоните да ја надмине бројката од 100 милиони примероци следната година, а се очекува дека најпрвин ќе се случи на кинескиот пазар.

Тој, исто така, сугерирал дека не препорачува 5G поддршка за буџетските телефони, поради недостаток на технички капацитети (CPU/GPU), што би влијаело на целосните перформанси на уредот. Поради тоа, одлучено е првиот 5G телефон на Honor да биде од највискиот сегмент.