Поплаките за автономијата на телефонот Galaxy S22 не се ретка појава, но се чини дека и овој проблем донекаде ќе се реши со зголемување на капацитетот на батеријата на претстојниот модел Galaxy S23.

Откако во август ја претстави новата генерација на преклопни телефони, Samsung се подготвува да ја освежи својата популарна серија S. Судејќи според дојавувачот Digital Chat Station, обичниот Galaxy S23 ќе има батерија со капацитет од 3900mAh, што би требало да ја подобри автономијата. Неговиот претходник, да ве потсетиме, доаѓа со батерија од 3700 mAh.

Инаку, Galaxy S22 пристигна на пазарот како телефон со компактни димензии, па Samsung често им се „оправдуваше“ на корисниците дека едноставно нема простор за вметнување поголема батерија. И покрај ова, дојавувачот наведува дека Galaxy S23 ќе го има истиот дисплеј од 6,1 инчи со Full HD+ резолуција и дека батеријата наводно ќе поддржува брзо полнење од 45 W.

Според претходно објавените информации, телефонската серија Galaxy S23 ќе добие мало визуелно освежување, барем кога станува збор за системот на камера. Се очекува да биде придвижуван од претстојниот чипсет Snapdragon 8 Gen 2, а варијантата Exynos нема да биде толку распространета како порано. Како што рече аналитичарот Минг-Чи Куо уште во јули, причината за ова е фактот што новиот Exynos нема да може да се натпреварува со претстојниот SoC на Qulacomm.

Samsung исто така им потврди на своите партнери дека Galaxy S23 Ultra ќе има камера од 200 MP. Повеќе информации за претстојната серија на телефони Samsung S ќе бидат познати во наредните месеци.