Протекоа приватни фотографии од корисници на популарна апликација за запознавање, а на мета се најдоа повеќе од 13.000 жени кои имаат профили на услугата.
Апликацијата за запознавање Tea, која беше промовирана како безбедна дигитална средина исклучиво за жени, се најде во центарот на сериозен скандал откако хакерите дојдоа до посед на повеќе од 72.000 фотографии и лични документи на нејзините корисници.
Според глобалните медиуми, протекувањето на податоци се случило поради несоодветно заштитено складиште на податоци, кое било оставено достапно за јавноста.
⚠️ Private Dating App Tea EXPOSED – 72K Images Compromised! 🖼️#dataleak #teadatingapp #hacked #securemojo pic.twitter.com/hZCJSepIdE
— Secure Mojo (@SecureMojo) July 28, 2025
Хакерите искористија безбедносен пропуст за да преземат, а потоа да објават содржина од база на податоци на форумот 4chan, со компромитирани датотеки, вклучувајќи лични карти, возачки дозволи и селфиња направени за време на проверката на профилот.
Компанијата Теа го потврди инцидентот и рече дека засегнатите фотографии биле прикачени пред февруари 2023 година, додека други податоци како што се телефонски броеви и е-адреси наводно биле заштитени. Сепак, експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека импликациите врз приватноста за засегнатите корисници би можеле да бидат долготрајни и сериозни.
Особено загрижувачки е фактот што апликацијата Tea е дизајнирана како простор каде што жените можат безбедно да комуницираат и да се предупредуваат едни со други за непријатните искуства во светот на онлајн запознавањата. Сега, кога самите корисници се под напад, довербата во платформата е сериозно нарушена.
Иако компанијата започна внатрешна истрага и ангажираше тим за сајбер безбедност, случајот покренува прашања за одговорноста на платформите што ракуваат со чувствителни кориснички податоци, како и потребата од построг надзор и безбедносни стандарди во дигиталниот простор.
Поврзани артикли