Android 12 беше во подготовка подолго од неговите претходници, но сега имаме назнаки кога конечно може да биде испорачан. Мишал Рахман, уредник на сајтот XDA-developers, тврди дека Google планира на 4. октомври да објави (Android Open Source Project) верзија на Android 12.

Со оглед на тоа што компанијата често објавува исполирани јавни верзии во истовреме со AOSP, ова сугерира дека сопствениците на Pixel телефони би можеле да добијат надградба на најновата верзија на оперативниот систем на споменатиот датум.

Доколку датумот се испостави како точен, тоа укажува на можна објава на Pixel 6 телефоните подоцна во октомври, со оглед на тоа што Google не може да ги претстави своите најмоќни модели без Android 12. Оние кои не користат Pixel уреди, ќе треба некое времеда бидат трпеливи за да го добијат Android 12. некои производители имаат добра репутација и ги објавуваат најновите ажурирања на Android неколку недели по дебитo нафтверот, на други им се потребни месеци за да го сторат тоа.

И покрај тоа што Google успеа да ги намали одложувањата на ажурирањата преку својата иницијатива Project Treble, на компаниите и натаму им е потребно извесно време да го прилагодат Android за своите кориснички интерфејси, како и да го тестираат софтверот со провајдерите и корисниците.