Кинеската компанија Realme од своето основање се фокусира на долниот и средниот сегмент на пазарот, овозможувајќи поконкурентни и подостапни смартфони за масите.

Realme на 1. септември ќе ја претстави својата најнова серија телефони: Realme X7 и Realme X7 Pro во Кина, односно Realme 7 и Realme 7 Pro, кои на 3. септември ќе бидат објавени во Индија.

Засновано на фотографиите, Realme задржува најголем дел од дизајнот од Realme 6 линијата, а поголем редизајн ќе доживее новиот систем со четири камери. Задржаната е punch-hole камерата од предната страна и истиот 90Hz LCD дисплеј.

Фотографијата на пакувањето открива поголем дел од спецификациите. Realme 7 ќе го покренува MediaTek Helio G95 чипсет, ќе има 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Батеријата од 5000mAh ќе користи 30W Dart Charge.

Кога е во прашање главната камера, тука е Sony модулот со Quad Bayer 64MP сензор. Засега нема детали за другите камери, но се очекува тие да бидат речиси исти како кај Realme 6 моделот.