Софтверот веќе е тестиран на различни видови пловила, од истражувачки бродови до патролни чамци на отворено море.
Австралискиот стартап за вештачка интелигенција „Greenroom Robotics“ доби едно од првите исклучоци од AUKUS, што му овозможува да ги споделува своите технологии со одбранбени компании во САД и Обединетото Кралство.
Лиценцата овозможува развој и тестирање на софтвер за автономни бродови, што ќе биде клучно за подобрување на одбраната на Австралија и заштита на нејзиното огромно крајбрежје и океански територии, објави АП.
Стартапот, кој е специјализиран за развој на вештачка интелигенција за автономни системи, развива софтвер кој делува како „мозок“ на брод, имитирајќи ја работата на кормиларот, моторите и радарските системи.
Софтверот веќе е тестиран на различни бродови, од истражувачки бродови до патролни чамци на отворено море.
Коосновачот на „Greenroom Robotics“ и поранешен инженер на Кралската австралиска морнарица, Хари Хаберт, изјави дека исклучокот од AUKUS ќе ја забрза соработката на компанијата со одбранбените индустрии во Велика Британија и САД.
Тој додаде дека софтверот ќе биде корисен за цивилни цели, како што е следењето на китовите, како и за пошироко истражување на океанот.
Австралиската влада планира да се потпре на автономни системи за подобрување на безбедноста и контролата врз територијалните води, а во исто време да инвестира милијарди во изградба на подморници на нуклеарен погон во рамките на трилатералниот договор AUKUS.
„Со повеќе од 80 проценти од океанското дно сè уште неистражено, автономните бродови играат клучна улога во истражувањето на океанот, поморската трговија и националната безбедност“, рече Хаберт.
Фото: Принтскрин
Поврзани артикли