Инкогнито режимот е прилично корисна карактеристика ако вашиот прв избор е Google Chrome.

Меѓутоа, ако не сте доволно внимателни, можете лесно да го предадете телефонот на некого и да му дозволите да го види баш она што не би сакале да биде видено.

За да спречи тоа да се случи, Google одлучи да ја надгради оваа карактеристика за iOS системите.

Новата верзија на апликацијата значи и дополнителна заштита кога станува збор за Incognito Mode.

Корисниците ќе можат да ги вклучуваат Touch ID или Face ID за да ги заштитат „приватните“ јазичиња, а кога ќе ја вклучат оваа опција, сите прозорци во режимот Инкогнито ќе бидат замаглени сѐ додека телефонот не потврди дека навистина сте вие, пренесува порталот 9to5 Google.

За да ја вклучите оваа опција, изберете Settings ->Privacy -> Lock Incognito tabs when you close Chrome.

Извор: B92.net