Lenovo во текот на годинашниот CES саем ја претстави новата ThinkPad TrackPoint тастатура ThinkPad TrackPoint Keyboard II првобитно требаше да се најде во продажба на 1. мај, но веќе сега е достапна за купување на сајтот на Lenovo.

Во прашање е втората генерација на производот и пристигнува со квалитет по кој е позната ThinkPad линијата. Тука се и црвениот TrackPoint и физичките копчиња за лев и десен клик.

Новитетите кои пристигнуваат со втората генерација на ThinkPad TrackPoint тастатурата вклучуваат 2.4Ghz безжична конекција, Bluetooth 5. Тука е и USB Type-C портот за полнење, а можно е да се користи и безжичен USB Type-A донгл.

Lenovo ThinkPad TrackPoint Keyboard II е достапен преку веб-страницата на компанијата, по цена од 100 долари.