Полската и швајцарската полиција со помош на Европол ја разоткрија хакерската група Infinity Black која била вклучена во дистрибуција на украдени доверливи податоци на корисници, креирање и дистрибуција на малициозен софтвер и алатки за хакирање.

Полската национална полиција на 29 април изврши претрес на 6 локации во 5 полски региони и уапси 5 лица за кои се верува дека се членови на хакерската група Infinity Black, се наведува во соопштението на Европол.

Полицијата запленила опрема, хард-дискови и криптовалупи во вредност околу 100.000 евра.

Хакерите направиле софистицирани програми за да добијат пристап до швајцарски сметки. Полицијата затвори две платформи со податоци на корисници кои имале повеќе од 170 милиони на сметката.

Извор: B92.net