Microsoft официјално го повлекува „Синиот екран на смртта“ (BSOD) по повеќе од четири децении. Синиот екран, познат по тоа што сигнализира пад на системот, ќе биде заменет со понова, потемна верзија.

Веста беше објавена на официјалниот блог, а ажурирањата беа претставени како обид „Windows да се направи постабилен“. Ажурирањата доаѓаат по неодамнешните прекини, најновиот CrowdStrike минатата година, кој предизвика глобални проблеми.

Сега легендарниот BSOD („Blue screen of death“) се појавуваше секогаш кога Windows ќе наиде на голем дефект, предизвикувајќи пад на системот или рестартирање. Неговата цел беше да се спречи понатамошно оштетување и потенцијално губење на податоци.

Сега, ако се појави поголем проблем, екранот ќе има темна позадина и пократка порака, без иконата со тажно лице. Корисниците ќе видат само „loading bar“ што им кажува колку време ќе биде потребно за да се рестартира системот.

„Вашиот уред наиде на проблем и треба да се рестартира“, е сè што ќе пишува, веројатно во обид да ги направи корисниците помалку заплашени од прилично драматичната порака.

Овие ажурирања ќе бидат објавени во летото 2025 година, а новата порака за грешка ќе биде дел од Windows 11 верзија 24H2.