Социјалната мрежа Twitter работи на опција која ќе им овозможи на корисниците да споделуваат одредени твитови само со специфична група луѓе.

Ако ова ви звучи познато, тогаш тоа е поради опцијата Close Friends на Instagram, која го дозволува истото, споделување содржина со одредена група луѓе, но во случајот на Twitter, твитовите ќе бидат ограничени на таканаречениот Flock.

Twitter ја најави оваа опција уште во јули и ја нарече Trusted Friends. Оттогаш, мобилниот програмер Алесандро Палуци го следи напредокот на Twitter и опцијата полека ја добива својата конечна форма.

Корисниците ќе можат да добијат детални информации за опцијата Flock преку посебна страница, а една од главните карактеристики е што ќе можат да соберат до 150 луѓе. Оваа група на корисници ќе може да гледа или да одговара на твитови наменети за Flock. Доколку корисникот одлучи дека не сака некое лице во својот Flock, може едноставно да го отстрани а таа личност нема да добие известување дека е отстранета.

Доколку корисникот е во нечиј Flock, по испраќањето на твитот ќе биде јасно дека се работи за содржина за избрана група. Корисникот ќе има опција пред објава на твит дали сака да го видат сите што го следат или само оние од Flock групата.

Twitter во септември ја воведе опцијата Communities, која функционира само на повик и им овозможува на корисниците да се поврзат со исти интереси. Оваа опција исто така овозможува испраќање твитови до одредена заедница наместо до сите корисници.