Ажурирањето на верзијата 2.3 на Cyberpunk 2077 е одложено, објави издавачот CD Projekt Red.

CD Projekt објави дека ажурирањето 2.3 требаше да биде готово на 26 јуни. Сепак, им треба повеќе време, па затоа го одложуваат ажурирањето до понатамошно известување.

Тие дури и не открија какви нови функции треба да донесе верзијата 2.3, но рекоа дека ажурирањето треба да биде на исто ниво со она што го добивме со претходната.

За потсетување, верзијата 2.2 донесе прилагодување на возилото, дополнителни опции за изглед на ликовите и проширен режим на фотографирање.

Работата на следниот Cyberpunk веќе започна, но тимот на CD Projekt не го пушта првиот дел толку лесно.

Играта неодамна беше портирана на Nintendo Switch 2, каде што во моментов е најпродаваниот наслов кој не е на Nintendo.