Нова функција доаѓа во рамките на Windows 11 25H2 верзијата, со која намерно се намалуваат перформансите на системот.
Во рамките на претстојното ажурирање Windows 11 верзија 25H2, Microsoft планира да воведе нова функција наречена User Interaction-Aware CPU Power Management, која свесно ќе ги намалува перформансите на системот кога корисникот не е активен.
Оваа функција моментално се тестира во верзијата на Windows 11 за дивелоперите и има за цел зголемување на енергетската ефикасност, особено на преносливите компјутери. Клучната карактеристика е тоа што системот не влијае на перформансите додека корисникот активно го користи компјутерот, туку ги препознава моментите на неактивност и тогаш применува политика на поштедлива работа на процесорот.
Иако во Windows веќе има опции како sleep и hibernate режим, како и автоматско гасење на екранот, новата опција функционира во позадина и овозможува помала потрошувачка дури и кога системот останува вклучен. Microsoft ја гледа оваа технологија како дополнителен чекор кон оптимизација на потрошувачката на енергија, продолжување на траењето на батеријата и еколошки поодговорно користење на компјутерската опрема.
Функцијата е наменета пред сè за лаптопи, но потенцијално може да се примени и на десктоп компјутери за дополнително намалување на потрошувачката на струја во моменти кога системот не се користи активно.
Windows 11 25H2 ажурирањето се очекува подоцна во текот на годината, а корисниците во тест каналот веќе сега можат да ја пробаат оваа опција и да дадат повратни информации.
Поврзани артикли