Различни работи се отстрануваат или се исфрлаат од речиси секоја игра за време на развојот, и обично станува збор за содржина за која режисерот/режисерите на играта одлучуваат дека е од некоја причина излишна, недоволно развиена или едноставно не е забавна.
Ист е случајот и со игрите на Rockstar, а старата GTA: San Andreas остана „закинат“ за многу планирани содржини.
Сан Андреас требаше да има и скејтбординг, меѓу другото, а добро позната е и аферата со Hot Coffee мини-играта за секс која случајно беше скриена во PC верзијата и отклучена со модификација, објавува HCL.
Причината зошто го споменуваме сето ова е тоа што група модератори сега одлучија да создадат додаток кој ќе го дополни Сан Андреас со содржина отстранета од бета верзијата. Проектот се вика GTA: Recall San Andreas и нивниот план е да додадат претходно недостапни мисии во играта, како и ликови и локации изоставени од финалната верзија на Сан Андреас. Тие исто така планираат да подобрат некои работи во гејмплејот.
Сега, сето тоа звучи интересно, но прашањето е дали GTA: Recall San Andreas некогаш ќе ја види светлината на денот. Rockstar е познат по тоа што не толерира одредени видови модинг проекти во последниве години. Иако ова не би требало да претставува никаква закана за нив, нивниот збор сепак ќе биде последен – ако воопшто дадат какви било најави.
GTA: Recall San Andreas е закажан да биде завршен некаде оваа година, а еве како моментално изгледаат некои од мисиите што не ги видовме во оригиналната игра.
Поврзани артикли