Оваа година, Samsung Galaxy S20 и Z Flip беа претставени на истиот Unpacked event во февруари. Се мислеше дека планот е ист за следната година, но се чини дека Samsung не се реши за заедничко лансирање на уредите.

Една од причините може да биде преклопувањето на сериите, што може да доведе до намалување на меѓусебната продажба. Посебно што следната година нема да има Note серија (според гласините), затоа што S21 Ultra ќе добие поддршка за S Pen. Note серијата всушност ќе ја замени Galaxy Z Fold3, кој ќе стане главниот смартфон на Samsung. Но, тој ќе пристигне во втората половина на 2021 година.

Следната година започнува со Galaxy S21 триото. Samsung наводно нарачал почетна група од 6 милиони примероци за денот на лансирање. Тоа е приближно исто како и претходните години, бидејќи компанијата очекува дека уредите на преклоп ќе бидат тие што ќе го зголемат растот следната година.

Компанијата ќе ја прошири својата линија флексибилни телефони на дури пет модели, но досега не слушнавме ништо за нив, освен за моделот Z Fold3. За Galaxy Z Flip едвај слушнавме нешто, што им дава тежина на гласините дека нема да биде претставен заедно со S21 серијата.