Кога беше претставен Samsung Galaxy S25 Edge, многумина се сомневаа во неговата издржливост поради тоа што е толку тенок. Еден корисник на YouTube канал одлучи да го тестира токму во тој сегмент.

Јутјуберот зад каналот JerryRigEverything го купи овој мал Samsung и го подложи на ригорозни тестови за издржливост.

Излегува, и покрај претходните сомнежи, дека Galaxy S25 Edge имаше повеќе од задоволителен резултат.

JerryRigEverything спроведе неколку тестови за издржливост, од кои можеби најголемиот беше свиткувањето на телефонот со притисок од двете страни. Немаше никакви оштетувања, ниту пак имаше оштетување по изложувањето на оган повеќе од 30 секунди.

Samsung Galaxy S25 Edge, патем, е тенок само 5,8 mm и тежи само 163 g, а за да се постигнат овие бројки, очигледна жртва беше батеријата – нејзиниот капацитет е само 3.900 mAh.

Издржливоста секако се должи на технологијата Corning Gorilla Glass Ceramic 2 што се користи во екранот, како и на IP68 сертификатот за отпорност на прашина и вода, како и на титаниумската рамка.