Хакерска група се заканува дека ќе објави украдени лозинки за речиси милијарда корисници на TikTok.
Хакери, кои работат под името R00TK1T ISC CYBER TEAM, тврдат дека украле лозинки од 972.000 корисници на TikTok и се закануваат дека ќе ги објават јавно.
Причината за овој потег, според хакерската група, е тоа што никој не одговорил на нивните обиди да контактираат со TikTok преку директни пораки.
„Ги предупредивме Bytedance и TikTok, но нивното молчење зборува многу. И покрај нашата јасна порака, тие ги игнорираа повиците на корисниците кои беа блокирани, суспендирани или избришани од платформата. Денес објавуваме примерок од 972.000 корисници на TikTok“, забележаа хакерите во својата објава.
Останува да се види дали овие тврдења на хакерите се точни, бидејќи тоа би значело дека имало масовни фишинг напади, преземање на кориснички сметки и кражба на идентитет во голем обем.
Безбедносната компанија Cybernews вели дека ги истражуваат тврдењата на хакерите. Тие истакнуваат дека тврдења од ваков тип повремено се појавуваат на сите платформи и иако звучат алармантно, испитувањето обично докажува дека се неточни.
TikTok има повеќе од милијарда корисници ширум светот, а портпарол на оваа компанија истакнува дека е можно базата на податоци со овие протечени податоци да се состои од информации од некои претходни напади, застарени или дури и измислени податоци.