Компанијата AMD ги претстави новите процесори Ryzen Threadripper PRO 7000 WX-Series, кои, како што велат, се наменети за „професионалци и компании“.

Процесорите се базирани на архитектурата Zen 4, имаат до 96 јадра и се засилени со технологии како AMD PRO и бројни други безбедносни и контролни функции.

Покрај оваа серија, AMD го претстави и Ryzen Threadripper 7000, означувајќи го враќањето во High-End Desktop околината за прв пат во последните три години. И овие, како и верзијата PRO, се базираат на архитектурата Zen 4, но имаат до 64 јадра.

Новите процесори ќе бидат достапни за купување од 21 ноември.