Откако OpenAI ќе постигне општа вештачка интелигенција, Microsoft веќе нема да има пристап до нивните нови технолошки достигнувања.

Иако терминот вештачка општа интелигенција (artificial general intelligence – AGI) нема универзална дефиниција, тој генерално се однесува на системи со вештачка интелигенција кои можат да ги надминат луѓето, нивното размислување и работа во повеќето задачи. Кога AGI ќе стане достапен, тешко е да се каже, иако е јасно дека сме се поблиску до тој ден и ќе биде интересно да се види какво ќе биде неговото влијание врз човештвото.

Досега се зборуваше за трансформативна технологија која може радикално да влијае на начинот на кој луѓето живеат и работат, додека неодамна Сем Алтман ја смири ситуацијата велејќи дека AGI треба да се појави многу порано отколку што луѓето очекуваат, но дека на почетокот, ќе има минимален ефект, додека со текот на времето ситуацијата треба да се промени. Ако е таквиот ефект речиси незабележлив, прашање е како луѓето ќе знаат дека ерата на општата вештачка интелигенција започнала.

Иако тоа не е важно за многумина, тоа е многу важно за тимот од Microsoft и OpenAI. Имено, познато е дека Microsoft има инвестирано милијарди долари во компанијата на Алтман, а нивниот договор има една интересна клаузула. Според договорот меѓу компаниите, Microsoft може да ја користи технологијата на Алтман додека OpenAI не достигне општа вештачка интелигенција и повеќе нема да може да користи технологии кои OpenAI ги развива после тоа. Овие компании се договориле дека ќе знаат дека постигнале општа вештачка интелигенција, а тој договор, се чини, нема никаква врска со самите технолошки достигнувања.

Имено, тие ќе сметаат дека AGI е постигнат откако OpenAI ќе развие систем за вештачка интелигенција кој ќе може да генерира најмалку 100 милијарди долари профит.

OpenAI е основана како непрофитна компанија со цел да развие производи од кои треба да има корист целото човештво, но со текот на времето тие ги променија своите приоритети (за што Илон Маск дури ги тужеше). Причината зошто Microsoft е надвор од играта откако ќе се постигне општа вештачка интелигенција е затоа што тие не сакаат толку многу моќ да падне во рацете на технолошкиот гигант.

Наместо тоа, за да ја направат својата инвестиција во OpenAI исплатлива, Microsoft и другите инвеститори треба да земат дел од профитот, додека таа бројка не достигне 100 милијарди долари, додека дел од профитот од компанијата на Алтман би се искористил за развој на нови производи и услуги од кои човештвото ќе има најголема корист. Барем во теорија.

Со оглед на тоа дека OpenAI е доста далеку од профит од 100 милијарди долари (а обуката и развојот на вештачката интелигенција не е евтина и бара многу ресурси), јасно е дека Microsoft ќе ја користи OpenAI технологијата уште долго време. Имено, за 2024 година се очекува OpenAI да оствари загуба од неколку милијарди долари, а почеток на профитабилноста се очекува дури во 2029 година.