Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia.

Кина денеска покрена антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia, најголемиот светски снабдувач на процесори кои ја напојуваат вештачката интелигенција, објавија кинеските државни медиуми.

Nvidia претходно ја купи израелската компанија Mellanox Technologies, а кинеските регулатори се сомневаат дека оваа аквизиција е кршење на антимонополските закони, пренесува CNN.

Кинеската истрага ја претставува најновата ескалација на конфликтот меѓу САД и Кина во областа на вештачката интелигенција (AI), додаде американската медиумска компанија.

Војната со чипови меѓу Кина и САД влезе во нова фаза овој месец, откако администрацијата на Бајден воведе уште една рунда ограничувања за продажбата на високотехнолошки мемориски чипови во Кина.

Мемориските чипови се различни од графичките процесори што ги прави Nvidia, но тие се исто така клучна технологија што помага да се напојува вештачката интелигенција.

Кинеската влада возврати минатата недела со забрана на продажба на материјали потребни за производство на чипови, вклучително и германиум и галиум, и го осуди потегот на САД, за кој Пекинг вели дека претставува „значајна закана“ за стабилноста на глобалните синџири на снабдување.