Комуникацискиот сателит Intelsat, на компанијата Boeing, експлодираше во геостационарна орбита.
Intelsat ја потврди веста во соопштение за печатот, прогласувајќи дека сателитот е „тотално изгубен“.
Вселенските сили на САД соопштија дека следат околу 20 фрагменти, но досега „не забележале никакви непосредни закани“ за други сателити (Rosсosmos соопшти дека следи 80 фрагменти).
Причината за експлозијата се уште не е позната, но веста е уште еден удар за Boeing по неуспешниот пробен лет на екипажот Starliner, проблеми со 737 Max и доцнење на 777x.
Intelsat соопшти дека работи на преместување на клиентите на други сателити или вселенски летала од трета страна.
Фрагментите сè уште можат да бидат ризик за другите сателити.
„Проблемот е што моментално има голема неизвесност за орбитите на овие фрагменти“, изјави портпаролот на Spaceflux, британска компанија која ги следи објектите во орбитата.
„Можеби се потенцијално опасни за другите сателити, но тоа сè уште не го знаеме“, додаде тој.
Intelsat 33e е еден од шесте сателити „EpicNG“ изградени од Boeing и користи сателитска платформа опремена со 16 мотори, изградена од Aerojet Rocketdyne. Овој тип на сателити е широко користен за телефонски, интернет и ТВ/радио услуги.
Поврзани артикли