Членовите на студискиот тим од американскиот универзитет во Сан Диего тврдат дека имаат доказ дека Ковид-19 не е респираторна, туку васкуларна болест, пренесува „Еуроњуз“.

Ова, наводно, може да го објасни згрутчувањето на крвта кај некои ковид-пациенти и симптомите како што се ковид-стапала, кои не се класичен симптом на респираторна болест.

Студијата објавена во списанието „Сиркулејшн рисрч“ објаснува прецизно како вирусот ги оштетува клетките на васкуларниот систем.

Веќе е познато дека покрај различните симптоми, меѓу кои и респираторните, постојат и кардиоваскуларни проблеми кои влијаат на организмот.

Тимот кој работеше на студијата покажа како вирусот го напаѓа васкуларниот систем или крвотокот.

Протеинот С во вирусот го напаѓа рецепторот АЦЕ2, оштетувајќи ги митохондриите кои ги снабдуваат клетките со енергија и со тоа ги оштетуваат ендотелата кои ги обложаваат крвните садови.

Научниците го забележаа ова и претходно, но точниот механизам и улогата на С-протеинот досега не беа познати.

Потоа, тие создадоа псевдовирус за потребите на студијата, кој имаше само С-протеин, но е и остаток од вирусот, за да покажат во лабораториски услови дека протеинот е доволен за да се предизвика болест.

Ефектите врз респираторниот систем се последица на воспаление на васкуларното ткиво во белите дробови.