Apple официјално прекина со производство на некои од телефоните и другите уреди, па ако сакате да ги набавите, подобро побрзајте.
Како и секоја година, Apple ги прекина оние производи кои беа заменети со овогодинешните нови модели. Тоа значи дека iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max веќе не се во официјалната понуда.
Следно, беше прекинат производството на уште еден iPhone, имено најстариот сè уште во производство – iPhone 13, модел стар три години.
Овие производи сè уште може да се најдат на интернет и во официјалните продавници некое време, односно додека траат залихите, а потоа единствената надеж да ги добиете е преку сајтовите за препродажба.
Поврзани артикли